Полицијата ја истражува пријавата за наводно проституирање на неколку ученички од Економското училиште од Лукавац во Босна и Херцеговина. Според информациите неколку малолетни ученички, секојдневно оделе во стан на постар маж, кој се наоѓал во близина на ова средно училиште по „пари за цигари” и „слатки”, пренесува весникот „Независне новине”.
Според тамошната полиција наводите се проверуваат и истрагата е во тек. Случајот во полиција го пријавила една ученичка на која друга пријателка и се доверила како секојдневно оди во посочениот стан кај шеесетгодишен маж по „пари за цигари” и „ужинка”, а за возврат оди со него во „кревет”.
Некои од станарите на оваа зграда на полицајците им потврдиле дека често во наведениот стан доаѓаат средношколки. По завршувањето на истрагата се очекува босанската полиција да открие повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.