| четврток, 6 декември 2018 |

Алкалоид супериорен на стартот на Европскиот куп во шах

alkaloid sah

Шаховската екипа на Алкалоид на убедлив начин го стартуваше Европскиот куп кој се игра во Скопје. Интернационалниот состав со 5,5-0,5 ја победи британската екипа „Блекторн Русија“ со пет победи и едно реми.
Единственото реми го одигра Иванчук на првата табла откако неговиот противник мораше да жртвува дури две фигури за да го доведе уракинскиот велемајстор до вечен шах.
Победи на останатите табли извојуваа Јаковенко, Андреикин, Криворучко, Ју и Недев. Во останатите партии, шахистите на „Алкалоид“ со сигурна игра не им дадоа шанса на своите противници и притоа Јаковенко и Андреикин ги принудија противниците на капитулација уште во средишницата, а останатите со постепено зголемување на предноста, извојуваа победи во завршницата од партиите.
Овој Европски куп е најсилен до сега бидејќи многу тимови се засилени со врвни играчи од светскиот тенис. Фаворитите „Сокар“ Азербејџан и „Сибир“ Русија, како и останатите топ-тимови, се интернационален микс на елитни играчи предводени од поранешните светски прваци Топалов и Крамник. Првото коло помина без изненадувања, па фаворитите извојуваа сигурни победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top