Секо лето докторите не потсетуваат да ја мачкаме кожата со помош на средства за сончање и да реагираме на секој промена која ќе се појави на кожата. Во спротивно, доколку не внимаваме, можеме да добиеме потенцијално смртоносен рак на кожата. Меѓутоа, дали сте слушнале дека некој има рак на нокотот?
За жал. Иако ова се случува прилично ретко, сите канцери кои ја напаѓаат кожата може да се развијат и на ноктите на рацете и нозете.
Всушност, самиот тумор не се развива на самиот нокот, туку во ткивото под плочата на нокотот. Најчесто се појавува една светло кафеава линија под нокотот, а потоа полека се шири и додека не стане дебела линија која е дебела и потемна.
Но не е секоја чудна појава под ноктите знак на тумор. Во повеќе случаи станува збор за недостаток на некои или витамини во организмот, а можно е да е во прашање механичка повреда.
Исто така, некои од промените во бојата и текстурата на ноктите може да укажуваат на труење со некој тежок метал, недостаток на кислород во крвта, проблеми во работа на бубрезите, но и некои други опасни болести.
Затоа, штом забележите некоја промена на ноктите, закажете си преглед. Бидејќи знаете и самите, што и да е во прашање, доколку на време побарате помош од лекарите, шансите за потполно лекување од сите наведени блести се далеку поголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.