Голем број на обожаватели со неверување ја пречекаа веста дека Леонардо Ди Каприо ја побарал за жена убавата русокоса. Време е да ја запознаеме Кели Рорбах. Свршеницата на Лео го освои срцето на познатиот актер, а како што шпекулираат светските медиуми наскоро би можела да стане и госпоѓа Ди Каприо.
Кели е една од познатите манекенки на престижниот „Спорт Илустрејд“ магазин кој непознати убавици ги претвора во светски познати дами.
Условот за тоа е позирање во бикини и неодолива насмевка, која Кели секако ја има. Меѓутоа таа има и повеќе од тоа.
Освен што е згода, таа има и одлична смисла за хумор па своето второ лице често го покажува на Инстаграм.
Кели има и диплома од Џорџтаун универзитетот – дипломирала драмска уметност, а исто како и Лео е голем вљубеник во голфот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)