Се снима шестиот дел на филмот „Умри машки“, чие дејствие ќе се одвива пред случувањата во првиот филм.
„Die Hard Year One“ го следи почетокот на кариерата на полицаецот Џон Меклејн во 1979 година.
Не е познато кој ќе го глуми младиот Меклејн, но Брус Вилис повторно ќе ја репризира својата улога на познатиот полицаец во сегашно време.
Режисер на филмот е Лен Вајсман, кој заедно со продуцентот Лоренцо ди Бонавентура моментно бараат нов сценарист.
Првиот филм од овој серијал премиерно е прикажан во 1988 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.