Со внимание ги следам сите настани околу исполнувањата на политичкиот договор кој беше договорен од лидерите на најголемите политички партии и се надевам дека се ќе оди како што е предвидено и дека утрешната посета на Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено, за да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она што го презеле и да го реализираат. Затоа што роковите течат и договорот мора да се исполнува.
Ова го порача претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во Кавадарци, запрашан да ја оцени политичката состојба во земјава и спроведувањето на договорот од Пржино во пресрет на утрешната посета на Хан во Македонија.
На прашањето како го оценува наредниот период, имајќи ја во предвид бегалската криза и она што се случуваше во Куманово, дали е оптимист за стабилизирање на состојбите, Иванов потсети на една своја изјава дека „Македонија е безбедна исто толку колку што се безбедни сите држави кои не опкружуваат”.
– Бегалската криза не е нешто што само нас не засега. Од Северна Африка и Блискиот Исток многу луѓе се во потрага по среќа. Тие луѓе бегаат затоа што немаат каде да се заслонат, немаат домови. Затоа и целиот континет, цела Европа е ангажирана, сите институции, да се излезе во пресрет на тие луѓе. Затоа што, да појдеме од нас, нема во нашите семејства некој што не бил бегалец или не дошол од друг простор да живее на овој простор. И ако кон нашите претци така се однесуваме, зошто кон бегалците да го немаме истото чувство, дека тие луѓе сакаат едноставно да се спасат од сите оние конфликти што постојат во местата од кои што доаѓаат, рече тој.
Иванов нагласи дека кризата веќе има судска завршница, случајот во Куманово обвинителите го истражија и во најскоро време тој ќе биде процесуиран во судот и ќе се знаат виновниците.
– Но, најважно е да се дознаат и мотивите. Да се дознае кој е оној кој го посакал тоа да ни се случи на сите нас кои живееме во Македонија. Но, таков е светот, гледате. Секоја вечер нешто се случува во светот. Останува ние да сме си посветени на државата, да си ја чуваме и секој од нас да придонесува кон стабилноста на државата, додаде Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани