| четврток, 6 декември 2018 |

Европа ги доби бараж двојките, скандинавска пресметка за пласман на ЕП

Денеска беа во седиштето на Еврокската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион беа извлечени двојките за бараж средбите за пласман на Европското првенство 2016 што ќе се игра во Франција.
Осумте третопласирани репрезентации од квалификациите беа поделени во два барабани, по четири репрезентации, на носители и неносители. Сепак самата ждрепка покажа дека нема фаворити и сите осум репрезентации подеднакво влегуваат со шанса за пласман на ЕП.
Највозбудливо се очекува да биде во скандинавската пресметка меѓу Данска и Шведска во која ќе настапи и најголемата ѕвезда во овие бараж средби, Златан Ибрахимовиќ.
Тој пред извесен период изјави дека ќе даде се од себе заедно со својата репрезентација да се пласира на ЕП бидејќи без него, не би личело Европското првенство.

Босна и Херцеговина доби противник по мерка, но реванш пресметката ќе мора да ја одигра на гостински терен во Република Ирска, што е доволна гаранција дека и овој двомеч ќе биде сѐ отворено до крај.

Првите натпревари ќе се играат на 12, 13 и 14 ноември, а реваншите се закажани за три дена подоцна.

Бараж за пласман на ЕП 2016:

Украина – Словенија
Шведска – Данска
Босна и Херцеговина – Република Ирска
Норвешка – Унгарија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top