Еден од најдобрите српски кошаркари и капитен на репрезентацијата, Милош Теодосиќ доби понуда за брак!
Кошаркарот на ЦСКА Москва доби непристоен предлог од една од многуте старлети во Србија, популарната Наташа Шавија.
Пред некое време популарниот „Тео“ изјави дека сака да влезе во брачните води и да има многу деца. Тоа предизвика бум кај женскиот пол во Србија и почнаа да го опсипуваат со пораки за љубов и подароци.
Истото го искористи и старлетата од Нови Сад која со воодушевување ја дочека оваа вест и без размислување му понуд брак.
– Теодосиќ, ожени ме! Знам да готвам, пеглам и перам – изјави Наташа, а потоа додаде:
– Јас сум вистинската жена за него, подготвена сум да му родам пет деца.
Но, Шавија приизнава дека шансите за такво нешто ѝ се минимални.
– Не верувам дека имам шанси кај него. Судејќи според неговите претходни девојки, сигурно се работи за еден од оние мажи кои не сакаат убави жени. Колку што сфатив, убавиците му беа само авантури – изјави Шавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.