Премиерот Груевски на гостувањето на Канал 5 објави дека ќе се гради нов дом за стари лица во Гази Баба со три згради од по 170 легла, како и нов центар за геријатрија и палијативна нега на стари лица во Ѓорче Петров.
-Неодамна најавивме отворање на нов државен дом за стари лица, за оние чии што пензии се ниски и не можат да си дозволат приватни домови за стари лица. Иако ние го охрабруваме отворањето на приватни домови за стари лица, како и нудиме многу поволности за изградба, свесни сме дека дел од повозрасните имаат пензии кои не се доволно високи за приватни домови. Така што одлучивме за нив да се дуплираат капацитетите. Одбрана е локација во Гази Баба каде во три фази ќе се градат три одделни згради со капацитет од по 170 легла, објави Груевски.
Првата зграда ќе започне да се гради веќе следната година, а Груевски посочи и дека паралелно се сконцентрирани и на внатрешноста и дека таргет за изградба на домови за стари лица се и други градови.
-Она што е најново, а што неодамна го договоривме со министерот за здравство и министерот за труд социјална политика, а за што веќе имаме донесено политичка одлука, е градба на нов објект за геријатрија и палијативна грижа на стари лица. Најпрвин во Ѓорче Петров а потоа и во други градови низ Македонија, објави Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии