| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрации за и против имигрантите во Прага

immigration-rallyДве различни групи на демонстранти, подржувачи и противници на бегалцитe, се собраа денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага. Додека протестантите кои се против бегалците се собраа пред Националниот музеј, акцијата против ксенофобијата беше оддржана во непосредна близина под статуата на Свети Вацлав во центарот на градот.
Социологот Јана Шиклова потсети дека при војната во Југославија во 90. години на минатиот век, Чешка прими околу 40.000 луѓе. „Забележавте дека некому му пречат?“ праша Шиклова на што доби негативен одговор од демонстрантите.
Противниците на идејата да се примат бегалците и да се интегрираат во средината, се собраа под мотото „За нашата култура и безбедност на земјата-предупредување на проблеми поврзани со имиграцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top