| четврток, 6 декември 2018 |

Четири дополнителни објекти за мигрантите на Табановце

tabanovce c krstАктивисти од Црвен Крст деновиве поставија два нови објекти на пунктот за помош на мигрантите во Табановце, а наскоро ќе бидат поставени дополнителни четири објекти. Денеска во сите објекти ќе има греење, со што значително ќе се олесни краткотрајниот престој на мигратите на нивниот пат кон Србија.

Поставувањето на објектите се спроведува со помош на УНХЦР. Целосно е завршено тампонирњето на просторот кој води до границата со Србија, а поставена е и ограда од жици и метални столбови со кои се одвојува од околните куќи на жителите од малаата Сланиште од просторот каде се лоцирани пунктовите за мигрантите
И денеска како и претходните денови,мигрантите не се задржуваат долго на овој простор. Добиваат помош од екипите на Црвениот крст, како и од хуманитарните организации.
– Секој ден сме тука, повеќе организации, но и волонтерите, студенти и средношколци кои им помагаат на бегалците, со храна, облека. Имаме и посебна програма за деца, изјави Сејфула Бектеши од „Еурохуман„, Скопје.
Кристина Петрова од Црвен Крст на Македонија, изјави дека на пунктот за помош на мигрантите на Табановце, дневно пристигаат од 2 до 3.000 бегалци.
– Црвен Крст има за задача да им подели храна, пакети за лична хигиена, посебно за мажи, посебно за жени, памперс, шишенца за бебиња, млеко. Дневно интеревенрираме од 100 до 200 пати, најчесто се жалат на настинки, главоболки, болки во мускулите, со оглед на временските услови има и со температура и со стомачни болки, изјави Петрова.
На пунктот во Табановце се очекува и поставување на контејнер за компјутерска поддршка. Ќе се прошират и објектите за храна, а ќе бидат поставени и дополнителни тоалети со по пет кабини за жени и  мажи. Секојдневно, екипите на Центарот за јавно здравје во вечерните часови вршат и дезинфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top