Штета од 240 илјади денари во полицијата пријавила Р.Б.(37) од Тетово откако засега непознати сторители вчера во периодот помеѓу 13 и 14 часот извршиле тешка кражба на накит од нејзиниот стан на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сторителите на засега неутврден начин најверојатно со подесен клуч, калауз или друг погоден предмет ја отвориле влезната врата од станот и по целосното пребарување на сите простории од работната соба одзеле 4 женски златни прстени, еден златен ќустек со должина од еден метар, уште едно златно синџирче и еден машки прстен што сопственичката ги проценува на вкупно 240 илади денари. Со одземеното непознатите незабележани од никого го напуштиле станот.
По пријавата полицијата извршила увид и работи на расветлување на посоченото во пријавата и откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)