| четврток, 6 декември 2018 |

Голем шок за навивачите на Вардар, Тоскиќ потпиша за Горење!

Еден од најдобрите играчи на РК Вардар Алем Тоскиќ ја изненади армијата навивачи на „црвено-црните“ со одлуката во следната сезона да се врати во Словенија и да игра за тимот на Горење.
Столбот на тимот ја донел оваа одлука бидејќи ја препознал амбицијата на клубот од Словенија и добил уверување од управата на Горење дека следната сезона ќе биде еден од главните конкуренти за висок пласман во Лигата на шампионите.

– Одлучив да се преселам во Горење иако имав две опции: да го продолжам договорот со Вардар или да се вратам во Словенија. Го одбрав второто затоа што препознав амбиција, добар маркетинг и добив уверување од раководството на клубот дека Горење има фантастични планови. Едноставно, се видов себеси во оваа оваа приказна – изјави Тоскиќ.

Ова денеска на својата официјална страна го потврди и Горење кој објави дека токму Тоскиќ е првото засилување за следната сезона.

– Горди сме што успеавме да го договориме Тоскиќ, кој e докажан врвен играч, одличен кружен напаѓач, воедно и извонреден тимски играч. Со него е постигнат договор за двeгодишна соработка – соопшти директорот на Горење Велење, Матеј Аванз.

Оваа информација доаѓа на ден пред многу важниот натпревар за Вардар во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во рамките од петтото коло му гостува на Колдинг и со евентуална победа ќе ја зацврсти првата позиција на табелата.

Тоскиќ ја игра третата сезона во македонскиот шампион со кој две години по ред стигнува на чекор до фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите. Претходно шест години настапуваше за Целје Пивоварна Лашко, а во својата кариера го има носено дресот на Партизан и Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top