| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на бегалците кај Кале нагло зголемен

Бројот на мигрантите на северниот француски брег во близина на Кале, во изминатите недели двојно е зголемен и достигна 6.000, изјави висок претставник на регионалната Влада.

– Голем број бегалци сметаат дека ќе биде многу тешко да отпатуваат во Велика Британија и се одлучиле да останат во таа област што е можно подолго или да се населат во неа, изјави Фабиен Букио.

– Не знам што ќе биде понатаму, но 6.000 е најмногу што може да примиме, изјави таа и предупреди бегалците да се држат подалеку од францускиот пристаништен град Кале каде на приодите има огради и бодликава жица.

– Мигрантите и криминалците со луѓе треба да разберат дека Кале е слепа улица, нагласи Букио. Бројот на бегалците во теон реон беше летоска околу 3.000, но во изминатите недели нагло се зголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top