Вчера, на денот кога се обележуваа 8 години од трагичната несреќа во која животот го загуби Тоше Проески, Елена Ристеска со стара заедничка фотографија и долга посвета се потсети на својот колега и пријател. Пејачката со која кобната ноќ Тоше разменуваше пораки, ги споделува и своите чувства за сите написи деновиве поврзани со неа и нејзиниот личен бродолом.
„Што е тоа во луѓето тажно… 8 години… Тага… Разговори и спомени остануваат заклучени во минатото: истите луѓе истите душмани.. ги коментиравме и неможевме да сфатиме зошто се хранат со туѓа несреќа.. Дупнати гуми на автомобил, измишљотини, дофрлање разни коментари… Но имаше и добри нешта кои ги споделувавме а и на двајцата ни се имаа случено : скршен заб поради залетан обожавател на сцена , заљубени парови се бакнуваат на наши песни, дечиња пред врата кои сакаат автограм и да се сликаат, заљубени фанови кои прават најчудни нешта како оставање ливчиња на кола со порака, совети за разбивање трема, коментирање на странска музика, преслушување на нови необјавени песни, пеење на “Ден и ноќ” по телефон тогаш беше мој нов сингл…. Еххх а имаше уште толку многу недокажано… Колега мој, сродна душа меѓу колегите и луѓето.. Имавме ретко искрен и чист однос, без интерес, без злоба, без завист… Малку останаа такви луѓе… За еден збор по телефон: добар/ра ли си… Малку се нормалните како нас а сепак луди по својата професија и по музиката… Затоа… Фалиш… Ама еден ден ќе се сретнеме таму некаде…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


