| четврток, 6 декември 2018 |

Војска и на австриската граница

Поради одлуката на Унгарија да ја затвори границата со Хрватска, австриските власти презедоа мерки во очекување бран бегалци на својата јужна граница.

На границата на австрија спрема Словенија во покраините Корушка и Штаерска, заострени се од ноќеска граничните контроли.

За да се изврши засилен надзор, Министерството за внатрешни работи на Австрија ја повика армијата на помош. Повеќе од 300 војници од 7 и 6 бригада на специјалната единица како и од 4 оклопна бригада се спавени во приправна состојба и од денеска ќе извршуваат должност во Корушка и Штаерска.

Со тоа се зголемува бројот на војници на задачи за асистенција на полицијата на околу 1.450, јавуваат австриски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top