МВР ги отфрли тврдењата на неколку медиуми дека Кочани е под полициска опсада и дека во градот се одвива акција Детонатор 2, поради што ситуацијата била тензична.
Од полицијата велат дека вчера во Кочани е приведен 50 годишен маж, затоа што наводно упатил серoзни закани по живот кон неколку негови сограѓани доколку не гласаат за политичката опција која тој ја застапувал. При претрес на приведениот и неговото возило биле пронајдени еден нож и безбол палка.
Државната изборна комисија соопшти дека мал прекин во гласањето се случил на пет избирачки места во Кочани, но по остранувањето на причините за прекинот гласањето е продолжено. Според МОСТ причините за прекин на неколку избирачки места во Кочани е тоа што недостасувале листови од извадокот од избирачкиот список во кои се впишани 90 гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил