| четврток, 6 декември 2018 |

Ничиј дрон: Турција собори беспилотно летало кое не е ниту на Русија, ниту на САД

Турски воени авиони денес во својот воздушен простор, во близина на сириската граница, соборија беспилотно летало, за кое сѐ уште не се знае кому му припаѓа, изјави претставник на турската влада за Ројтерс.

Турската војска претходно соопшти дека соборила неидентификувано летало, која го нарушила воздушниот простор, по испратени три предупредувања. Во соопштението се истакнува дека леталото било соборено во согласност со правилата за ангажман на НАТО. Војската не соопшти дали станува збор за авион или дрон.

Турски медиуми објавија фотографии од дронот, кој паднал три километри во турската територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top