Амбасадата на Македонија во Лондон објави повик за волонтери кои ќе бидат ангажирани во правно-политичката област и економско-финансиската област, а услов за кандидатите да се пријават е да се докторанди или магистранди, објави Плусинфо.
На социјалните мрежи се појавија низа негативни реакции поради ваквиот повик, поради тоа што во него е наведено дека волонтерите самите ќе треба да си го регулираат престојот во Велика Британија, а и поради тоа што, како што пишуваат граѓаните „докторите на науки имаат попаметна работа отколку да волонтираат во скапиот Лондон“. Во огласот ги нема наведено ниту минималниот број неделни часови што волонтерот треба да ги помине во амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.