Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги покани релевантните меѓународни институции да учествуваат во набљудувањето на локалните избори во Македонија и за тоа да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за следење на изборите.
– Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија, истакнува Вељановски.
Известувањето за распишаните избори како и ставот за значењето на меѓународните набљудувачи на локалните избори закажани за 24 март, Вељаноски го упатил до претседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ Рикардо Миљори, на Европскиот парламент Мартин Шулц, на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон и на Парламентарното собрание на НАТО Хју Бејли.
Изборниот законик овозможува целиот изборен процес да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст