| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши општиот претрес за буџетот за 2016 година, почнува амандманската расправа

собрание

Собраниската Комисија за финансирање и за буџет денеска по четири дена расправа го заврши општиот претрес за Предлог-буџетот за 2016 година. По редовната едночасовна пауза попладне во 15 часот Комисијата треба да почне амандманска расправа.

За Предлог-буџетот за 2016 година се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова – Кареска и еден од повеќе пратеници.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот  буџет  во матичната собраниска комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top