| четврток, 6 декември 2018 |

Наjсилното„купе М4“ ќе биде произведено во само 700 примероци

На кра­јот од октом­ври во То­кио ќе се одр­жи 44. Са­ем за авто­мо­би­ли, на кој се оче­ку­ва да би­дат прет­ста­ве­ни го­лем број но­ви мо­де­ли на свет­ски­те про­из­во­ди­те­ли на во­зи­ла

Гер­ман­ска­та ком­па­ни­ја „БМВ“ се под­го­тву­ва да пре­диз­ви­ка ви­стин­ски бум, отка­ко нај­а­ви де­ка во То­кио ќе го прет­ста­ви сво­е­то но­во „ку­пе М4 ГТС“ кое е нај­сил­но до­се­га про­из­ве­де­но ку­пе од ре­но­ми­ра­ни­от гер­ман­ски ко­церн и кое ќе би­де про­из­ве­де­но са­мо во 700 при­ме­ро­ци.

Мо­де­лот „М4 ГТС“ е опи­шан ка­ко га­лан­тен и из­во­нре­ден ин­жи­нер­ски при­ме­рок со кој „БМВ“ го по­диг­на сво­јот по­тен­ци­јал на стан­дард­ни­те мо­де­ли на ку­пе на уште по­ви­со­ко ни­во.

BMW-M4-gts-008

Над­во­реш­но­ста на овој мо­дел е пре­поз­нат­ли­ва по но­ви­от изг­лед на ае­ро­ди­на­мич­ни­те ком­по­нен­ти ме­ѓу кои спа­ѓа­ат и пред­ни­от на­со­чу­вач на воз­ду­хот кој мо­же да се на­го­ду­ва, но­ви­от ка­пак на мо­то­рот изра­бо­тен од кар­бон­ски влак­на, ка­ко и зад­ни­от кар­бон­ски спој­лер и пок­ло­пе­цот на ге­пе­кот.

BMW-M4-gts-005

Спе­ци­јал­на­та ГТС еди­ци­ја, исто та­ка до­би и за­ден ди­фу­зер за воз­ду­хот, се­ка­ко, изра­бо­тен од кар­бон­ски влак­на за да се до­бие по­ма­ла ма­са на во­зи­ло­то, ти­та­ни­ум­ски из­ду­вен си­стем и екск­лу­зив­ни алу­ми­ни­ум­ски бан­да­жи од поз­на­та­та се­ри­ја М на кои се мон­ти­ра­ни гу­ми од ре­но­ми­ра­ни­от про­из­во­ди­тел „Ми­ше­лин“.

BMW-M4-gts-006

По­крај пред­ни­те свет­ла ЛЕД, ту­ка се и зад­ни­те свет­ла ЛЕД кои до­се­га ни­кој про­из­во­ди­тел не ги ко­ри­стел за про­из­водс­тво на се­ри­ски­те авто­мо­би­ли.

Во од­нос на стан­дард­но­то „ку­пе М4“, из­ме­ни­те се вид­ли­ви и во вна­треш­но­ста. Упра­ву­ва­чот е об­ло­жен со ко­жа ал­кан­та­ра, а кар­бон­ски­те спорт­ски се­ди­шта се об­ло­же­ни со ком­би­на­ци­ја на ал­кан­та­ра и ме­ри­но ко­жа. Мо­де­лот „М4 ГТС“ до­би и но­ви об­ло­ги на вра­ти­те, а зад­ни се­ди­шта во­оп­што не се пред­ви­де­ни. Ку­пу­ва­чи­те што пла­ни­ра­ат по­ве­ќе вре­ме да по­ми­нат на тр­кач­ка па­те­ка, мо­же да го из­бе­рат па­ке­тот „Клуб спорт“ кој вклу­чу­ва до­пол­ни­те­лен си­гур­но­сен ка­фез, по­ја­си со шест точ­ки на зац­вр­сту­ва­ње и апа­рат за га­се­ње по­жар.

BMW-M4-gts-004

Во „ку­пе­то М4 ГТС“ е вгра­ден три­ли­тар­ски бен­зи­ски мо­тор со шест ци­лин­дри и со двој­на тур­би­на, кој во овој слу­чај рас­по­ла­га со 500 коњ­ски си­ли и со нај­го­лем вр­те­жен мо­мент од 600 њутн-ме­три. Пре­но­сот на си­ла­та се вр­ши пре­ку се­дум­сте­пен М ДТЦ авто­мат­ски ме­ну­вач со две ква­чи­ла. Сѐ за­ед­но му овоз­мо­жу­ва на авто­мо­би­лот да за­бр­за од 0-100 ки­ло­ме­три на час за 3,8 се­кун­ди, а ма­кси­мал­на­та бр­зи­на е еле­ктрон­ски огра­ни­че­на да из­не­су­ва 305 ки­ло­ме­три на час. За­ра­ди це­ла­та си­ла што ја по­се­ду­ва ова ку­пе, во се­ри­ска опре­ма спа­ѓа­ат кар­бон­ско-ке­ра­мич­ки коч­ни­ци и на­год­ли­ва сус­пен­зи­ја.

BMW-M4-gts-007

Ку­пе­то „БМВ М4 ГТС“ ќе би­де про­из­ве­де­но са­мо во 700 при­ме­ро­ци, а це­на­та сѐ уште не е об­ја­ве­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top