Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, в понеделник ќе допатува во Скопје со цел да ги придвижи преговорите за спроведување на политичкиот договор од 2 јуни јавува дописникот на МИА од Брисел.
Како што потврди неговата портпаролка Маја Коцијанчич во изјава за МИА, Европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.
– Можам да потврдам дека комесарот Хан, идната недела, поточно в понеделник ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули – истакна Коцијанчич во изјава за МИА.
Токму поради Турција, но и Македонија, Еврокомисијата за првпат на подолг период го одложи објавувањето на извештаите за напредокот на земјитекандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. Се планира на крајот на овој месец или на почетокот на ноември да бидат објавени, а зависат од усвојувањето на Акцискиот план за емигрантите со Турција, како и од развојот на политичките преговори во Македонија, од што зависи и давањето на седма препорака едноподруго за отворање на пристапните преговори.
– ЕК ги објавува извештаите отприлика ова време во годината. Но, во момент кога ќе се осигураме дека презентирањето и нивното усвојување ќе добие целосно јавно внимание што го заслужуваат извештаите, тогаш претседателот Жан Клод Јункер ќе оцени кога да се објават – посочи главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



