Поранешниот најдобар светски рекет Рафаел Надал полека, но сигурно се враќа во врвна форма. Тој почнува да заличува на себе од најдобрите денови, кога беше неприкосновен на тениските терени.
По одличниот Мастерс турнир во Пекинг каде што загуби во финалето од Новак Ѓоковиќ, Надал и во Шангај игра во врвна форма.
Денеска во натпреварот од четвртфиналето буквално го збриша Станислас Вавринка за нешто повеќе од еден час игра, и со 2-0 (6-2, 6-1) се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со Французинот Жо Филфред Цонга.
Откако ги загуби претходните два меча од Швајцарецот, шпанскиот тенисер утрово изгледаше импресивно, имајќи одговор за секое оружје на Вавринка. Надал го доби првиот сет со 6-2, Шпанецот направи брејк на самиот старт од вториот сет трасирајќи си го патот до убедлив триумф од 6-2, 6-1, за само 63 минути игра.
Цонга пласманот во полуфналето го обезбеди по победата над Кевин Андерсон од 2-1 (7-6, 5-7, 6-4) во сетови.
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од двата последни четвртфинални меча меѓу Ѓоковиќ и Томиќ, и Мареј и Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


