| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска протести поради воведување на кириличното писмо

На централниот  плоштад Бан Јелачиќ во Загреб, денеска се одржува голем протест поради воведувањето на српскиот јазик и кириличното писмо во училиштата во Вуковар.

Протестот е организиран од страна на ветеранските здруженија на Вуковар, кои се противат на ваквата одлука, барајки од хрватската влада мораторијум за спроведување на одлуката.
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека граќаните имаат право да протестираат , но тоа мора да биде мирно и во склад со законите на Хрватската држава.
Инаку одлуката за воведување на српскиот јазик и кирилицата во училиштата во Вуковар, е резултат на преземената обрска на владата во Загреб која им вети на србите во Хрватска дека ќе ја спроведе во почетокот на јуни годинава, односно по завршувањето на локалните избори .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top