| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Света Петка“ во Струга

Синоќа во Струга е ограбена црквата „Света Петка“. Според првичните информации, украдени се бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари што луѓето ги оставаат за здравје.

Полицијата потврди дека имало кражба во црквата.

– Настанот во полицијата е пријавен утрово и се уште трае увидот на нашите екипи. Засега се знае само дека не се одземени икони од црквата – изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи на Охрид, Стефан Димоски.

Верскиот објект е сместен на прометна улица во центарот на Струга, а веднаш до него е лоцирана и автобуска постојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top