Михаел Шумахер сигурно ќе остане засекогаш една од легендите во Формула 1. Тој имаше сериозен инцидент во 2013 година и беше во кома цели шест месеци, пред да ги отвори очите. Шумахер продолжува да се бори со повредата, а за неговото закрепнување се вработени најдобрите терапевти. Истите ги опишуваат процедурите како најдобрите кои и се познати на медицината.
До овој момент се знае дека секоја процедура чини по 100 000 фунти неделно и потрошени се околу 10 милиони фунти. Тој е опкружен од 15 лица медицински тим кој е ангажиран да го дигне пациентот на нозе. Шумахер изгубил 1/4 од тежината, додека бил во кома. Лекарите сметаат дека е нормално човек да ослабе барем 20 килограми во такви ситуации.
Семејството на Шумахер во февруари ја продадена и вилата на ѕвездата во Норвешка, која му беше омилено место за одмор по завршување на трките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
Не го дочека лекувањето: Почина Борче, насмеаното момче од Валандово