Унгарија денеска ќе носи одлука за можно затворање на границата со Хрватска со цел сузбивање на приливот на мигранти, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во Брисел.
Орбан рекол дека денеска ќе свика вонредна седница на советот за безбедност на која ќе се разгледува актуелната ситуација и ќе бидат донесени неопходни одлуки.
Унгарија веќе изгради челична ограда на јужната граница со Србија за да го блокира приливот на мигранти, а постави ограда и долж границата со Хрватска.
Орбан вчера рекол дека границата може да се затвори во рок од еден час ако тоа се покаже како неопходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Падна првиот снег во Хрватска
-
Голем пожар на полуостровот Пелешац во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните (видео)