Британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека во почетокот на ноември ќе испрати писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кое детално ќе наведе промени кои сакаат да се постигнат во преговорите за членството на Велика Британија во Европската унија.
Според британски официјален претставник, Камерон на министерскиот совет на ЕУ во Брисел кратко се осврна на преговорите на Британија со ЕУ, а потоа состанокот продолжил.
Камерон денеска изјави и дека преговорите за членството на Велика Британија во ЕУ ќе се забрзаат во следните месеци, и дека бараните промени ќе бидат изнесени во почетокот на ноември.
– Темпото сега ќе се забрза и повторно ќе наведам четири клучни области каде ни е потребна промена што би било темел за промени кои ќе почнат во ноември, изјави британскиот премиер пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
– Уверен сум дека може да постигнеме добар договор за Велика Британија и да ги поправиме работите што треба да се поправат, додаде Камерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.