Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска нагласи дека Унгарија има подготвено ограда на границата со Хрватска и ќе донесе конечна одлука за затворање на унгарско-хрватската граница до утре наутро.
Орбан пред самитот на Европската унија во Брисел изјави дека Будимпешта преферирала ЕУ да ги брани своите граници во Грција откаде стотици илјади бегалциоваа година влегоа на територијата на Унијата.
– Бидејќи тоа не се случи Унгарија има готова ограда на границата со Хрватска и ќе донесе конечна одлука до петок наутро, посочи Оран.
Тој додаде дека границата може да биде затворена „во рок од еден час ако е потребно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Падна првиот снег во Хрватска
-
Голем пожар на полуостровот Пелешац во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните (видео)


