Во рамките на месецот за борба против ракот, денес беше одбележан и Денот на здравите дојки со мини изложбата „Рутина“ која што ја подготви списанието „Лице в лице“ во соработка со „Бимилк“ и здружението „Борка“. Во рамките на настанот, беше промовиран и новиот број на уличното списание „Лице в лице“ чие што печатење е поддржано од „Бимилк“ а во чиј фокус е превенција од ракот на дојка.

Присутните во Мала Станица имаа и можност да добијат пакети картички со пет различни дизајни, а секој што ќе ги добие ќе треба да им ги подели на припаднички на понежниот пол кои што најмногу му значат.Секоја од картичките е потсетник за самопрегледот на градите што секоја жена треба да го прави еднаш во месецот.
-Денешната изложба и промоција на новиот тематски број на уличното списание Лице в Лице е уште една активност во месец октомври преку која настојуваме да ја едуцираме и информираме јавноста дека раната детекција на ракот на дојката може да значи и успешно лекување на болеста. Симболиката на денешниот настан е повеќе од јасна. Борка, БиМилк и Лице в Лице ја пренесуваат пораката дека со заеднички напори на невладиниот и бизнис секторот и поддршката од државните институции можеме да постигнеме многу повеќе, дека нашиот глас ќе се чуе многу подалеку и ќе допре до повеќе жени. Здружението Борка уште еднаш ја изразува својата благодарност до БиМилк за поддршката која ни ја овозможува во реализирањето на нашата заедничка цел.” – едукација на жените за превенција од ракот на дојка– изјави Биба Додева, претседател на Здружението Борка.

-Овој број на „Лице в лице“ одлучивме да го посветиме на превенцијата од ракот на дојка поради процентот на смртност во земјава од оваа болест кој според податоците од последното истражување на „Глобокан“ од 2012 година, се наоѓа на првото место од вкупната смртност од канцер во земјава кај жените, иако неговото рано откривање речиси секогаш завршува со позитивен резултат. Во овој број на списанието, во соработка со „Борка“ и „Бимилк“
-Отвораме прашања фокусирани на реформите во здравството, но и на стигмата која што ја задушува информираноста“ – објаснува Климентина Илијевски, извршен директор и главен и одговорен уредик на „Лице в лице“.

Наташа Булеска, жена која се изборила со болеста, на жените заболени од рак на дојка посебни на оние помладите, им порачува:
‘‘Жените кај нас не зборуваат гласно за своите маки. Не знам дали се чувстуваат осамени, дали мислат дека ќе бидат ‘‘обележани‘‘ или пак не сакаат да ги оптoварруваат другите со својата болест. На сите нив сакам да им кажам дека нивните прашања и дилеми се вредни за разговор, дека нивните потреби треба да бидат чуени и одговорени. Сакам да им кажам дека не треба да се плашат, дека пред нив е животот кој можеби веќе никогаш нема да биде ист, но може да биде уште поисполнет.‘‘

На кавер страниците на најновиот број на „Лице в лице“ се Наташа Петровиќ, Емра Куртишова, Симона Спировска и Мартин Јорданоски, актери од Театарот за деца и младинци, кои широко ја прифатија иницијативата на „Лице в лице“ да се фотографираат, со цел да се подигне свесноста за оваа тема и да се испрати заедничка порака за важноста од раната дијагноза како основен предуслов за победа над ракот на дојка. Во него, се отвораат прашањата: Зошто Македонија нема регистер на болни од рак на дојка? Дали реформите во здравството значат само нови апарати? Колку редовните (само)прегледи се клучни за раната детекција на канцер на дојка? Како минува процесот на лекување и како до квалитетен живот и после ракот на дојка?
Концепт и дизајнот на изложбата, картичките и на кавер страниците на списанието се на агенцијата за комуникации „Холистик“, а фотографиите се на Томислав Георгиев. Стајлингот е на Ирина Тошева, а шминката и фризурата, на Јована Коциќ.

Новиот број на „Лице в лице“ се продаваше и претпромотивно на маршот „Напред розово“, што се одржа на 4 октомври, како дел од кампањата за борба против ракот на дојка. Розовата прошетка веќе втора година безрезервно е поддржана и од компанијата „Бимилк“. Под мотот ‘‘Розови и здрави‘‘ БиМилк организираше акција во која дел од средствата за секој купен Битолски јогурт се донираат за активности наменети за превенција на ракот на дојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прија се смири крај Филип, а и нејзината мајка има момче: Ќе ви се сврти во главата од неговиот изглед!
-
Четири лоши навики кои предизвикуваат рак кај жените
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Го пиеме секој ден, а може да предизвика рак на дојка?


