| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно барање на Сантош, 55 милиони евра и шестмесечна суспензија за Нејмар

Бразилскиот напаѓач Нејмар глава неможе да крене од проблеми. По замрзнување на неговиот имот и банкарски сметки поради затајување на данок во Бразил во периодот од 2011 до 2013 година во висина од 14 милиони евра, а освен тоа се води и судски процес против него и Барселона поради неговиот сомнителен трансфер во каталонскиот гигант од Сантош.
Токму неговиот поранешен клуб испрати барање до ФИФА за обештетување од 55 милиони евра, и дополнителна суспензија од шест месеци за Нејмар, откако фудбалерот не го испочитувал членот 62 од меѓусебниот договор.
Според челниците, Нејмар го прекршил договорот со своето непримерно однесување кое не е во согласност со Сантош.
Капитенот на бразилската репрезентација постојано негираше дека имал какви било проблеми во својот поранешен клуб и инсистираше дека оттаму си заминал со взаемен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top