За остварување во областа на културата и уметноста овогодинешни добитници на државната награда „23 Октомври“ се Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател и Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички критичар, одлучи Одборот за доделување на наградата.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно историското наследство на Република Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015 година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст