| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓу жените од ИД царува гангстерски менталитет

Младата 33-годишна Британка Шуки Бегум, која со петте свои деца извесен период живеела на територијата на Исламска држава (ИД) во Сирија, го осуди „гангстерскиот менталитет“ на жените од џихадистичката група, со кои заедно живеела, пренесоа француските медиуми.

isis zeni

Бегум за британската телевизија „Канал 4“ изјави дека заминала за блискоисточната држава со единствена цел – да го пронајде својот сопруг, Џамал ал Харис, кој таму заминал 18 месеци порано за да се бори на страната на ИД.

Шуки гледала дека групата станува се позлобна и затоа решила да го убеди сопругот Џамал да се вразуми.

Првично младата Британка, која е дипломиран правник, била сместена во североисточниот сириски град Рака, што се смета за бастионот на ИД во оваа земја. Таму таа живеела со десетици други жени и деца.

– Меѓу овие жени царуваше гангстерски манталитет. Брутални разговори за војна и убиства – раскажува Шуки Бегум.

Жените заедно на компјутрите гледале видеоматеријали на Исламска држава.

Шуки на крајот го пронашла својот сопруг, но тој одбил да си замине од Сирија. Џихадистичките лидери не сакале и неа да ја пуштат да замине од Сирија.

-Жените, кои сакаат да заминат на териториите контролирани од ИД, треба да бидат свесни дека човек не може лесно да си замине од таму – предупреди таа.

Шуки успеала да избега и во моментов живее во близина на границата со Турција, од каде што се надева дека ќе се врати во Велика Британија.

Според официјални податоци, приближно 700 Британци заминале во регионите од Сирија и Ирак, контролирани од Исламска држава, за да се борат на страната на џихадистичката група. Околу 300 од нив се вратиле во Велика Британија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top