Вакво грозно нешто сѐ уште не сте виделе.
Во најгрозната вест што ќе ја прочитате оваа недела. Американецот Мет Џонс од Орегон нашол мртов глушец во сендвичот што го купил во фамозниот синџир сендвичарници „Сабвеј“. Сендвичот со пилешко и со спанаќ содржел и непријатно изненадување, поради кое човекот бил среќен што прво погледнал внатре, па дури потоа гризнал, пренесуваат „АБЦ нјуз“ и голем број западни медиуми.
Истрагата на санитарната инспекција утврдила дека глушецот не дошол од самиот ресторан за брза храна, туку бил дел од пратката со замрзнат спанаќ, кој бил испорачан во „Сабвеј“.
Ресторанот го издаде следново соопштение: Штом муштеријата го извести менаџерот за овој настан, вендаш му биле вратени парите и почнала истрага. Сите производи и сендвичи се фрлени и е извршено обемно чистење на локалот, по што санитарната инспекција му даде на ресторанот позитивна оценка по прашање на хигиената. Ова е единствената тужба што ја има добиено локалот за своето работење.
Меѓутоа Мет Џонс не мирувал, туку фотографијата со сендвичот ја објавил на социјалната мрежа „Фејсбук“, поради што „Сабвеј“ доби голем публицитет – но не од тој вид што го посакува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)