| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга се гласа мирно, одѕивот помал од првиот круг

Гласањето во Струга се одвива мирно, но одѕивот на гласачите во однос на првиот изборен круг е помал.

Според претседателот на општинската изборна комисија Џингис Хани, на време се отворени сите 78 избирачки места без никакви проблеми.

–         До 10 часот на гласање излегле 7 проценти од гласачите. До сега немаме регистрирано поплаки. Излезноста во однос на првиот круг е помала, кога до 10 часот имаа гласано 10 проценти, вели Хани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top