| четврток, 6 декември 2018 |

Дрога 15 пати појака од хероин владее на улиците на Европа

Слично како хероинот и морфиумот, за ацетил-фантанил се верува дека предизвикува смрт при прекумерна употреба. Последна во низата држави, Ирска, се подготвува за пристигнување на оваа легална дрога на нејзините улици, за која се верува дека е 15 пати појака од хероинот и дури 80 пати појака од морфиумот.

Ацетил-фентанил е дизајнирана дрога, слична на хероинот и морфиумот, и за прв пат привлекла внимание во 2014. година, кога се открило дека неколку наркомани ја користеле при предозирање.

Се верува дека настанала во САД, и дека набрзо завладеела на европските улици. На стариот континент за прв пат била лоцирана од страна на еден велшки патолог во Кардиф, кој заклучил дека таа била примарна причина за смртта на еден наркоман кој ја купил преку интернет во Кина.

Др. Том Ханиган, доктор по хемиски науки во Ирската научно форензичка лабораторија, открил дека неговата лабораторија добила предупредување за оваа супстанца од страна на официјалниот Европски систем за мониторинг на дрога и борба против зависност.

Оваа супстанца нема признато користење во медицината. Во некои извештаи стои дека ацетил-фентанилот се меша со хероин и служи како негова замена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top