ВМРО-ДПМНЕ стои зад договорот од 2 јуни и 15 јули, вели пратеникот Илија Димовски од владејачката партија.
– Многу јасно со своите гласови дадовме поддршка на Законот за специјалниот обвинител, дадовме поддршка со нашите гласови за изборот на госпоѓата Јанева и продолжуваме да даваме поддршка за нејзината работа. Околу дилемите кои што се појавија денеска околу изборот целосен или нецелосен на кандидатите од нејзе, ние немаме што дополнително да коментираме заради тоа што постои закон и постојат надлежни институции, најмалку е работа на политичките партии да даваат коментар околу тоа. Ние стоиме зад законот стоиме зад госпоѓата Јанева и даваме поддршка за нејзината работа, нема што да се скрие треба да се завршат сите состави во државата и да дојдеме до предвремени избори 2016 – рече Димовски.
Околу изборниот законик тој информираше дека било напорно, многу време е потрошено и многу енергија.
– Се договоривме дијаспората да има свои пратеници тие ќе се бираат на пропорционален модел како и во Македонија односно ќе има една изборна единица која што ќе се бира три пратеници со потребен минимум на гласови колку што е и во Македонија некаде околу 6000 и нешто гласови за да се избере еден пратеник, но ќе се бираат сите три на една листа, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?