Меѓународната книжевна награда „Табернакул“ утре, на 16 октомври во 20 часот во Македонскиот народен театар свечено ќе им биде доделена на овогодишните лауреати Херта Милер и Том Стопард.
По тој повод ќе бидат промовирани и новите четири изданија на „Табернакул“, романот „Патничка на една нога“ и книгата есеи „Секогаш истиот снег и секогаш истиот чичко“ од Херта Милер, како и трилогијата „Брегот на Утопија“ и трите драми (во една книга) „Аркадија, Рокенрол и Тежок проблем“ од Том Стопард.
За ликот и делото на Херта Милер ќе говори Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард свое обраќање ќе има Горан Стефановски.
Херта Милер (1953) е германска писателка, добитничка на Нобеловата награда за книжевност во 2009 година. Родена во Романија, работела како преведувач, а со пишување почнала уште во младоста.
Пишува романи, раскази, поезија и есеи. Нејзините дела се преведени на повеќе од дваесет јазици.
Том Стопард (1937) е британски драмски писател. Од 1997 е носител на титула витез што ја доделува британската кралица. Роден во Чехословачка, за време на нацистичката окупација пребегнал и по Втората светска војна се преселил во Велика Британија, откако поминал три години во интернат во Индија. Работел како новинар и како театарски критичар. Автор е на повеќе култни драми, меѓу кои е „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, како и на сценариото за филмот „Вљубениот Шекспир“.
Целта на оваа книжевна награда е да ги промовира најзначајните, светски признати книжевни вредности на македонски јазик, како и да покаже дека Македонија е земја со долга книжевна и културна традиција, земја што покажува особена почит за сите актуелни книжевни и културни глобални достигнувања.
Книжевната награда „Табернакул“ ја претставува бронзена скулптура чиј автор е академскиот вајар Горан Стаменков. Лауреатите, исто така, добиваат и златник од Книжевната академија „Табернакул“, како и паричен износ од 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст