Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека дел од осомничените за самоубиствениот напад во Анкара во кој во саботата загинаа 97 луѓе, минале неколку месеци на боишта во Сирија и можно е да биле поврзани со Исламска држава или курдски екстремисти.
– Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите самоубици со ИД или со ПКК, изјави Давутоглу. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – додаде тој.
Давутоглу рече дека истрага има и за тоа дали имало разузнавачки и безбедносни пропусти пред двојниот самоубиствен напад во Анкара извршен во саботата. Давутоглу на пресконференција изјави дека истрагата за атентатот во Анкара се движи по две траги, а наодите се поврзани со две различни организации.
Давутоглу потенцира дека нападот е насочен против Турција, против народот во целина и против демократијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.