| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската „Мадам Батерфлај“ сака да биде градоначалничка

Фризурата на Антоанета Лазарова е нешто помеѓу рококо стил и „Војна на ѕвездите“, а прекарите кои таа ги има се „Баба Ејми Вајнхаус“ и „Мадам Батерфлај“.

Плакатите на кои се насмевнува оваа кандидатка за градоначалник на Гаганица, Бугарија, ги привлекоа вниманието на социјалните мрежи, но не поради нејзината политичка програма, туку поради впечатливата шминка и коса.

– Свесна сум дека мојата фризура не е модерна, ама јас се чувстувам добро и не планирам да ја менувам. Секое утро станувам рано за да ја направам – вели Лазарова.

Таа е претседателка на локалното здружение на пензионери, а во минатото се занимавала со туризам и со осигурување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top