Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека повлекувањето на СДСМ од преговорите е показател на стравот на опозицијата да се соочи со народот на избори.
– Денешното повлекување на СДСМ го разбираме како повторена повеќе пати тактика на таа партија, секогаш кога ќе има прогрес во разговорите и секогаш кога ќе се исполнуваат условите за одржување предвремени парламентарни избори, тие да бараат причини и да бараат изговор за да се повлечат односно да го исполнат своето сценарио да се одложат или да не се одржат избори. Луѓето очигледно имаат проблем со поддршката кај граѓаните, имаат проблем внатре во својата партија и бараат начин како сево ова што веќе е договорено меѓу четирите политички партии, вклучително и изборниот законик кој денес го договоривме, да не заврши со предвремени избори, знаејќи дека ќе ги изгувбат – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?