Од утре во Хрватска стапува во сила Правилникот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.
Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.
Рецепти за овие лекови ќе можат да препишуваат лекарите по општа практика, педијатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неурологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и неуропедијатрија.
Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст