| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во „Зара“ – во Аргентина деца ја шиеле облеката

Познатиот светски бренд за облека „Зара“ во сопственост на шпанскиот Индитекс се најде среде скандал кога аргентиските власти упаднаа на три фабрики на Зара во земјата минатата недела.

Во фабриките биле затечени ужасни услови за работа, возрасни заедно со своите деца  робови работеле заедно 16 часа на ден без било каков одмор.

-Откривме возрасни мажи и деца од Боливија кои живееле во истата област во која и работеле. Тие не се регистрирани никаде а живееле во ужасни услови. Немаат никакви документи, а тука седеле против нивната волја, изјави Хуан Гомез Центурион, раководител на Аргентинската држава инспекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top