| четврток, 6 декември 2018 |

Лејтон Хјуит со „вајл-карта“ ќе се прости од своите навивачи на Австралија Опен

Aegon tennis championships

Најдобриот австралиски тенисер во историјата Лејтон Хјуит со „вајлд-карта“ ќе му биде овозможено да настапува на првиот грен-слем следната сезона кој ќе му биде негов последен во кариерата.
34-годишниот тенисер, кој во моментов е 296. на светската ранг – листа, беше финалист на домашниот турнир во 2005 година, но беше поразен од Марат Сафин, а на изминатите три турнири во Мелбурн не успеа да ја мине втората рунда.

Директорот на турнирот, Крег Тејлан изјави дека со оваков чин сака да му оддаде почит на Австралиецот кој ја најави својата пензија по завршувањето на оваа тениска сезона.

Наградниот фонд на целиот турнир на Австралија Опен е зголемена за 10 проценти и сега ќе изнесува 44 милиони австралиски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top