Ако САД и после терористичките напади во Куманово продолжат со политиката на безрезервна поддршка на Албанците и ако ЕУ и понатаму го премолчува проектот на создавање на „Голема Албанија“ тоа би можело да доведе до формирање на Православен сојуз на Србија, Грција, Бугарија и Македонија како и до Трета балканска војна.
Ова е заклучокот од најновиот извештај на ЦИА за состојбата во нашиот регион во кој администрацијата во Вашингтон се предупредува дека преголемата поддршка на Албанците би можела православните балкански земји да ги втурне во прегратките на Русија, го пренесува извештајот српски Курир. Поради тоа аналитичарите на ЦИА бараат по урамнотежен пристап на Балканот.
Разузнавачите предупредуваат дека е многу веројатно Србија, Грција, Бугарија и Македонија да создадат Православен сојуз.
Американските аналитичари пишуваат дека балканските држави, чии територии се загрозени со проектот „Голема Албанија“, нема да седат со скрстени раце и мирно да гледаат како Албанците им одземаат нивни територии. Тие исто така нагласуваат колку и да се имаат нерешени прашања, доколку се приморани Србите, Грците, Бугарите и Македонците ќе ги здружат своите сили во борбата против Албанците, пренесува добро информиран дипломатски извор.
Српските аналитичари се скептични околу создавањето на Православен балкански сојуз, бидејќи како што велат тоа би било трн во око на Западот и такво нешто не би било дозволено од страна на Американците.
Професорот Ѓорѓе Вукадиновиќ вели дека Правосланиот балкански сојуз би бил логична реакција на проектот „Голема Албанија“.
– Дури и да се случи тој сојуз не верувам дека САД тоа мирно би го набљудувале, бидејќи повеќе од јасно е дека Албанците се нивни миленици, вели Вукадиновиќ.
Чедомир Антиќ од Напредниот клуб, нагласува дека повеќе од деценија постои идејата за обединување на балканските земји.
Дури и кога таа идеја би се покренала, САД таа идеја уште во старт би ја спречила. Сепак тој сојуз би требало да постои бидејќи тој би опстанал и доколку пропадне Европската унија, вели Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.