Аргентина се мачи без Меси и на два натпревари од квалификациите за пласман на СП 2018 се уште нема победа.
Ноќеска „гаучосите“ ремизираа без голови против Парагвај на гости и имаат само еден бод по две кола. Меси е повреден и не настапи ниту против Парагвај, ниту претходно на премиерата со Еквадор кога Аргентинците претрпеа неочекуван пораз дома од 0-2.
Бразил го поправи впечатокот со триумф од 3-1 со Венецуела, откако на стартот загуби со 0-2 од Чиле. Јужноамериканскиот шампион Чиле има совршен старт со две победи и ноќеска славеше против Перу со 4-3 на гостински терен. Успех забележа и Уругвај против Колумбија (3-0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.