| четврток, 6 декември 2018 |

Препорака од доктор: Добро е да се пие 2,5 литри пиво на ден

Доктор Кари Поиколен веќе децении го проучува влијанието на алкохолот врз човечкото тело. Поиколен, кој со години работел за Светската здравствена организација, дојде до заклучок дека алкохолот е штетен само кога се консумира секојдневно во големи количини.

Но, кај овој доктор „големи количини“ е релативен поим.

Според докторот, во еден ден може да се напиете 2,5 литри пиво или шише вино без никаков страв за вашиот организам. Тој исто така смета дека е поздраво да се пие дури и малку повеќе од препорачаната дневна доза, отколку да бидете антиалкохоличар.

Сепка, со неговите тврдења останатите истражувачи воопшто не се согласуваат и се уште тврдат дека алкохолот повеќе им штети околку што придонесува за здравјето на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top