
Сириската армија и нејзините сојузници и Хезболах се подготвуваат за копнена офанзива против бунтовниците во подрачјето на Алепо со поддршка на руската авијација, соопштиле вчера двајца високи регионални офицери за Ројтерс.
Офанзивата ќе ги засили копнените напади кои ги почна истиот тој сојуз минатата недела против бунтовниците во провинцијата Хама. Тоа што е ново, како дополнително засилување, се илјадниците ирански војници кои стигнаа во Сирија да учествуваат во копнената офанзива на страната на Башар ал Асад, изјавиле анонимни официјални лица.
Големата офанзива на силите на Асад во регионот крај турската граница се претпоставува дека уште повеќе ќе ја разлутат оваа членка на НАТО која ги поддржува бунтовниците кои се борат против Асад. Турција веќе изрази длабока загриженост поради руските воздушни напади врз бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


