| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија

regionalen ekonomski razvoj

Промотивен настан „Поддршка на регионалниот економски развој: Регионален развој преку одржливи проекти” на Програмата за регионален економски развој во Македонија која се спроведува од страна на Германското друштво за меѓународна соработка, ќе се одржи денеска во Скопје.

На настанот ќе се обрати заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Владимир Пешевски.

Главната цел на настанот е да се промовираат главните достигнувања на Програмата за регионален економски развој во Македонија, финансирани преку грант од страна на Делегацијата на ЕУ и поединечно да се презентираат резултатите и влијанието од Шемата за финансиска поддршка реализирана во соработка со советите и центрите за регионален развој во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top